Барате повеќе информации? +389 2 32 27 625

Колку се сигурни нашите домови?

Колку се сигурни нашите домови?

14Sep 2016

Претходните денови беа денови на вознемиреност, страв и неизвесност за жителите на Скопје.

Помали и поголеми земјотреси се случуваа во текот на претходните неколку деноноќија и повеќето граѓани ги напуштаа своите домови во страв од нови  потреси.

БОРТАС деновиве доби неколку повика од своите купувачи со единственото прашање:

KОЛКУ СЕ СИГУРНИ НАШИТЕ ДОМОВИ??

БОРТАС ги известува своите досегашни и идни купувачи на станови и деловен простор дека можат да бидат спокојни и сигурни во  нивните домови заради следните основни причини кои се однесуваат на конструкцијата и стабилноста на објектите кои ги изведува:

  • Сите проекти за градежни конструкции се изработени и ревидирани од искусни и докажани инженери кои поседуваат соодветни лиценци за проектирање на градежни конструкции за станбено деловни објекти
  • Сите проекти за градежни конструкции, заедно со останатите проекти се ревидирани и одобрени од надлежни институции кои издаваат одобрение за градба
  • Сите проекти за градежни конструкции се изработени према Правилник за технички нормативи за бетон и армиран бетон – ПБАБ 87, Правилник за техничките нормативи за изградба на објекти на високоградба во сеизмички подрачја ПИОВС 81, Правилник за техничките нормативи за оптоварување на носечките градежни конструкции и Правилник за техничките нормативи за темелење на градежни објекти
  • Сите проекти за градежни конструкции се изработени врз база на статичка и сеизмичка анализа  со софтверски пакет TOWER, а пресметките на сеизмичките сили е направена согласно зоната на интензитет  IX степен по MCS.
  • Сите градежни конструкции се армирано бетонски скелетни системи, проектирани и изведени  со МБ 30 и МБ40 и арматура РА400/500-2, а према стандарди за проектирање и изведба на објекти во високосеизмички подрачја.
  • Изведбата на објектите ја водат искусни градежни инженери и техничари кои во потполност и без отстапувања ги реализираат архитектонските и статичките проекти, а Надзорен инженер е постојано присутен при изведбата.
  • Контролата и испитувањето на вградениот бетон во сите конструктивни елементи се врши  во реномирани овластени лаборатории, а резултатите се обработуваат статистички за секоја партија на вграден бетон. Контролните испитувања и добиените резултати се составен дел од Извештајот за технички прием на објектот со кој се дозволува употребата на објектот.

БОРТАС со својот менаџерски тим со полна и докажана одговорност и совест ги проектира и изведува своите објекти повеќе од 25 години, а земјотресните дејствија кои се случија изминативе денови не предизвикаа никакви промени и оштетувања на конструктивните системи ниту на површинската обработка на ѕидовите што го  докажува квалитетот и сигурноста на објектите изведени од БОРТАС.

Тимот на БОРТАС Ви посакува мирни денови! 
 

Category: