Барате повеќе информации? +389 2 32 27 625

Станбено деловен објект 2.4 - Ново Лисиче, Аеродром

ПРЕБАРАЈ

 
 

Станбено деловен објект 2.4 - Ново Лисиче, Аеродром

Објект: 
Станбено деловен објект 2.4 - Ново Лисиче, Аеродром
Година на изградба: 
2014

Енергетски ефикасен објект со одлична звучна и термичка изолација (со 40% заштеда при греење), на само 6км од центарот на градот.
Висококвалитетна градба изведена по европски стандарди, која нуди удобно, економично и здраво живеење.

Сместен е во непосредна близина на трговскиот центар-Рамстор, новиот парк Аеродром , трговски објекти, банки, детска градинка, основно училиште детски игралишта, тревни површини. Идеален дом за секое урбано семејство.
Развиената околна инфраструктура и неколкуте јавни градски линии нудат одлична поврзаност со центарот на градот, како и другите градски населби.

Секој стан е опремен со двоен систем на греење (индивидуално електрично, како и можност за приклучок кон јавната топлификациска мрежа), вграден клима уред (становите над 70м2 располагаат со два клима уреди), видеофонија како и видео надзор со камери поставени пред влезот на секој стан. Објектот располага со сопствен подземен паркинг простор.

Становите се веднаш вселливи.

Ново Лисиче, Аеродром
1000 Скопје
Macedonia